| |
|
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Порано центри на културните збиднувања
во селата беа домовите на културата каде се одвиваа
сите приредби, гостувања на естрадни уметници, кино
престави и сл.Постоеја фолклорна играорна група, женски
пеачки хор и постојани кино престави кои во многу го
богатеа културниот живот во општината.
Во последно време културно-забавниот живот на луѓето е на многу ниско ниво. Истите
презафатени во борбата за сопствена егзистенција како да немаат време за духовното,
за убавата музика, за пишаниот збор. Истото се однесува и за младите кои се помалку
се ангажираат во школските секции а младинскиот културен живот е скоро потполно
замрен. Ги нема некогашните матинеа и игранки, богато посетените кино престави
и празнични приредби.Сега се се сведува на посета на неколкуте кафичи кои ги
има во општината.Секако дека за ваквата состојба е виновна и општата економска
криза во земјата но сепак останува потребата нешто повеќе да се стори на ова
поле во иднина.
Инаку што се однесува до културните домови, нив ги има и во трите села, додека
културниот дом во Зрновци е комплетно опремен за изведување на кино престави,
театарски претстави и други манифестации. Во Зрновци постои и друг јавен објект,
тоа е Соколаната која е реновирана од страна на општината, но сега за сега не
се употребува за никакви културни активности.
Што се однесува до невладиниот сектор
од март '97 год постои и успешно делува Еколошкото
друштво "Јавор" од Зрновци. Има околу
170 членови а има и свој подмладок кој работи во ОУ "Тодор
Арсов". Досега има изработено два успешни проекта;
Еко слика на Зрновци - '97 и Меѓународен Еко-камп Плачковица
'98 Во тек е реализацијата на уште два проекта. Тоа
се: Проектот Стоп за дивите депонии кој отпочна во
јануари '99 и ќе трае до октомври '99 и проектот Одржлив
развој на општина Зрновци кој отпочна во јуни '99 и
ќе трае до декември '99 год, а во чии рамки е и оваа
студија.Еколошкото друштво ќе продолжи со реализацијата
на овие и наредни проекти давајќи на тој начин свој
допринос во решавањето на еколошките проблеми во општината
и пошироко. Во јули '99 год. се формира и нова невладина
организација а тоа е Здружение на ловци "Кукла" од
Зрновци.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
На
полето на спортот делува фудбалскиот клуб "Зрновка" од
Зрновци кој се натпреварува во меѓуопштинската лига и
има свој стадион со фудбалско игралиште и соблекувална.Во
рамките на овој клуб работи и фудбалскиот подмладок.
Некогашниот одбојкарски клуб кој постигнуваше одлични
резултати во меѓурегионалната лига сега веќе не постои.
Во деновите кога се државните празници како и за време
на патрониот празник на училиштето "Тодор Арсов" во
школското игралиште се организираат спортски натпревари
и турнири.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Реката
и речното корито на река Зрновка претставува
богатство од непроценлива вредност за општината.
Дотолку повеќе што истата е релативно незагадена
и богата со жив свет. Со истражувањата што се
извршени во 1997 год. од страна на стручниот
тим од Институтот за бологија при Природо-математичкиот
факултет во Скопје на чело со д-р Панче Стојановски,
е изработена еколошка студија под наслов: "Оценка
на квалитетот на водите од река Зрновка и нивна
валоризациј". Истата укажува на висок
процент на кислород ( О2) во водите на реката
(14 mg/l ) и постоење на исклучително ретки
популации на видот Diploneis petersenii кој досега
не беше наведен за миклофлората на Македонија,
односно реката Зрновка претставува прв локалитет
во Македонија на кој досега е регистриран овој
вид.Имено Diploneis petersenii е нордиско-алпски
вид, односно распространет главно во северните
региони на Европа(Исланд, Финска, Норвешка )
и високите планински масиви ( Алпи и Пиринеи
).
По должината на речното корито и воопшто на падините на Плачковица, постојат
повеќе излетнички места кои се користат од населението при државни празници и
викендите ( Куков рид, Брана, Девичев вир, Вршник и сл.).
Од природните реткости може да се спомнат: Буовичка и Поганечка чешма , чешми
со исклучително ладна и квалитетна планинска вода; Дивата топола во Видовиште;
Суљов ѓол - природен воден базен каде децата преку лето се капат и др.
Значајно е да се спомне и постоењето на ендемската речна пастрмка и речниот рак
кои ги има во горниот тек на реката Зрновка.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
На територијата
на општината постојат следните манастири: Св. Недела во
Зрновци, Св. Спас и Св. Петка во Видовиште, и Св. Симеон
во Мородвис.
Во Зрновци опстојува црквата Св. Димитрија.
Споменици на паднатите борци има по еден во Зрновци и Видовиште.
Во селото Мородвис се наоѓа археолошко наоѓалиште " Црквиште " откриено
во 1980 год. Станува збор за средновековен град Моробиздон кој еден милениум
бил културен, економски, црковен и политички центар на источна Македонија.
Моментално истражувањата се концентрирани во црковноепископскиот комплекс. Досега
се откриени црква од Самоилово време, над 350 средновековни гроба, и мноштво
на накит, керамика и други материјали. Сочувани се четири цркви од кои најстарата
е од пети век, а најмладата е од 13 век. Богати биле декорирани со фрески и мозаици.
Во наредниот период се планира да се доистражи комплексот, да се конзервира и
да се презентира пред пошироката домашна и светска јавност.
Ингеренциите за чување, одржување и презентирање паѓаат на одделението за заштита
на спомениците на културата од Кочани.
|
|
| |
|
|
|
|
|