Географска положба | Клима | Демографски податоци | Инфраструктура
 

..:. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

 

   
Географска положба
     
   

Зрновци се наоѓа на :

  • 8 km оддалеченост од најблиската железничка пруга во Кочани;
  • 134 km оддалеченост од главниот град Скопје;
  • 118 km оддалеченост од аеродромот Петровец кај Скопје;
  • 60 km оддалеченост од граничниот премин кон Бугарија кај Делчево;
  • 184 km оддалеченост од граничниот премин кон Грција кај Богородица.

Општина Зрновци се наоѓа во источниот дел на Македонија, на трансверзалата која го поврзува Скопје - Велес - Штип - Кочани - Делчево со Р. Бугарија. Оддалечена е околу 8 км. од Кочани. Сместена е во падините на Плачковица, те. во зоната на српско- македонскиот масив, или старите Родопски планини. Трите населени места ( Зрновци, Видовиште и Мородвис ) се широко отворени кон р. Брегалница и Кочанското поле.Вкупната површина на општина Зрновци изнесува 51.764.076 м2. По населени места таа изнесува:

  • Зрновци......................................28.482.894 м2
  • Мородвис...................................14.521.860 м2
  • Видовиште................................. 8.759.322 м2

Најголемото населено место Зрновци, се наоѓа во источниот дел на Македонија на 8 км јужно од Кочани, сместено во Кочанската котлина, поточно во подножјето на Плачковица на површина од 2.848 ha. Од вкупната површина на Зрновци 57% се шуми, а 32% претставува обработливо земјиште.Најголемиот дел од обработливото земјиште претставуваат оризови полиња (вкупното годишно производство на оризова арпа изнесува во просек околу 800т од кои 480т отпаѓаат на општествениот сектор ).

Низ Зрновци минува Зрновска река која претставува една од побогатите со вода притоки на Брегалница. На реката Зрновка има изградено хидроцентрала што во голема мера го изменила природниот водотек на реката и животните услови во неа. Сливното подрачје на Зрновска река изнесува 38км2, а должината 24 км.


   

   
Клима
     
   

Зрновци се наоѓа на надморска висина од 345m и како дел на Кочанската котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговските планини, а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица. Параметрите што ја илустрираат климата во овој регион, се следните:

  • Просечна годишна температура е 13°C.
  • Просечна средногодишна релативна влажност на воздухот е 71%
  • Просечната годишна сума на врнежи е 547.9 mm.

   

   
Демографски податоци
     
   

На територијата на општината живеат вкупно 3.344 жители, од кои 3.293 се македонци, а од останатите има власи турци, срби и др. Во Зрновци живеат 2279, во Мородвис 524 и во Видовиште 541 жители.
Вкупниот број на лица со лични приходи изнесува 407, додека бројот на невработени, а работоспособни лица изнесува 730. Кон овие бројки треба да се приклучат и 162 лица кои се корисници на социјална помош и 250 пензионери. Околу 50% од вкупното население се занимава со земјоделие и тоа, пред се, со градинарство и производство на ориз.

Во врска со степенот на образование , со средно образование се 624 лица, со вишо 41 а со високо образование се 21 лице.

Во просек на територијата на општината смртноста е 21 лице додека бројот на новородени во текот на една година е 37 деца. Што значи имаме позитивен прираст на население годишно по околу 16 граѓани на општината Зрновци. Од вкупното население од општината околу 100 граѓани се наоѓаат на привремена работа во странство.

Податоци од пописот на население од 1994 год.

Населено Место
возраст 0 - 6 год

возраст 18-24 год

возраст над 64 год
Зрновци
203
224
251
Видовиште
44
54
82
Мородвис
68
46
65
Општина Зрновци
315
324
398

Во Зрновци живеат 2.279 жители од кои 98% се Македонци со православна вероисповест. Работоспособни се 1137 лица од кои 730 се невработени.. Профилот на образование на населението е следниот:

  • 27% со средно
  • 2% со виша стручна подготовка и
  • 1% со високо образование.

Жителите воглавно се агро производители кои го обработуваат своето земјиште, дел од жителите чуваат домашни животни , имаат трговски и угостителски дуќани. Занаетчиството и неколкуте мали индустриски капацитети даваат впечаток на градски активности.


   

   
Инфраструктура
 
     
   

Водовод и канализација

На територијата на општината фигурира еден државен водовод кој ги снабдува со вода за пиење најголемиот број на домакинствата во Зрновци (385) и мал дел од Мородвис. Со водоводот стопанисува КП "Водовод" од Кочани.Бунарите на овој водовод се наоѓаат во непосредна близина на реката Брегалница, во месноста викана "Орман". Количината на вода што ја троши општината од овој водовод е од 8 лит/сек. во зимниот период до 15 лит/сек. во летниот период. Во општината постојат и приватни водоводи и бунари:

ПТТ мрежа

На територијата на општина Зрновци постои ПТТ - мрежа која ги има опфатено трите населени места, изградена поодамна но модернизирана неодамна со нова автоматска централа со капацитет од 768 тел. приклучоци, чиј капацитет е потполно исполнет.Во селото Зрновци работи пошта секој работен ден каде примаат уплати и исплати, поштенски пратки , писма и телеграми. Во објектот постои и јавна говорница.

Електроенергетска мрежа

На територијата на општина Зрновци постои и електрична централа која е изградена во далечната 1950 год и е прва во Македонија. Тоа е централа со мал капацитет, со моќност од два пати по 900 VA ( два пати по 630 kw активна моќност)
Годишно се произведува по 5.5 мил. kwh годишно. Централата со вода се снабдува од зафатот на река Зрновка, кој се наоѓа на одалеченост околу 8 км од селото,водата преку канал се води до водната кула , а од таму паѓа врз двете турбини во централата.
Електричната мрежа во општината е широко разгранета и сочинувана од претежно дрвени столбови и трансформатори 10 KV / 0,4 KV кои ги има вкупно: во Зрновци - 6, во Мородвис - 2, во Видовиште - 2. Инаку општината со електроенергетската мрежа на Македонија е поврана: со Виница преку далновод од 10 KV, со Кочани преку 35 KV, и со Штип преку селото Теранци преку 10 KV далновод. Моменталната состојба со снабдувањето со електрична енергија на општината задоволува.

Урбанистичко-комунална инфраструктура

Селото Зрновци не располага со официјални јавни паркинзи освен плоштадот кој го има, и кој се користи и за таа намена.Во центарот на селото постои јавен парк со површина од 3.000 м2. Паркот е уреден,озеленет и пошумен со липи,борчиња и брези.Истиот масовно се користи од населението за одмор и рекреација.Инаку селото располага и со други јавни површини кои не се уредени а населението ги користи за најразлични потреби (вршење на грав,сушење на влажно жито и сл.)
Од јавни објекти присутни се: О.У. "Тодор Арсов" 490 ученика во 28 паралелки и 40 вработени, Дом на културата со околу 250 седишта и кино сала со кино проектор, Соколана ( објект со широка сала ), Фудбалско игралиште со трибини, Летна бавча - ресторан со околу 400 седишта,локален пазар со неколку тезги,амбуланта, пошта и др.

Селото Мородвис не може да се пофали со плоштад но и таму има средсело каде се одвиваат сите селски веселби и настани.Јавни паркинзи нема но има јавни површини кои се користат за таа намена. Парк истотака нема.
Од јавни објекти присутни се: Дом на културата кој е во изградба, Подрачно училиште до четврто одделение со вкупно 45 ученика, и фудбалско игралиште.

Селото Видовиште има широк плоштад "Магила" на центарот од селото. Парк во селото нема а нема ниту јавни паркинзи.
Од јавни објекти присутни се: Дом на културата, Подрачно училиште до четврто одделение, и фудбалско игралиште.


   

 

 

 
Copyrights® 2003 - Zrnovci / Developed by MediaNet