Вести

ПОВИК

Врз основа на законските одредби, а заради транспарентност во работењето на единицата на локална самоуправа, општина Зрновци ги повикува сите граѓани, месни заедници, здруженија на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на општина Зрновци за 2019 година.

Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават на службениот емаил: [email protected] а во пишана форма до архивата на општината најдоцна до 12.декември 2018.

Вклучете се во креирањето на Буџетот и поддржете го партиципативниот развој на локалната заедница.

ЈАВЕН ПОВИК 01/2018 кон сите доверители на општина Зрновци и единките корисници кои имаат доспеани, а ненаплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018, да се пријават во општина Зрновци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските

КОНКУРС

за доделување на стипендии на новозапишани студенти и ученици од основното образование при ОУ Синиша Стоилов Зрновци од општина Зрновци

ПРАВИЛНИК  за доделување на стипендии на новозапишани студенти и на ученици од основното образование при ОУ Синиша Стоилов - Зрновци од општина Зрновци

ЈАВЕН ОГЛАС БР. 04-16/1 ЗА ПРИЕМ НА РАБОТНИЦИ НА НЕОПРЕДЕЛНО ВРЕМЕ ВО ЈОУДГ БИСЕРЧИЊА - ЗРНОВЦИ

СООПШТЕНИЕ

Нацрт СОЖС_УППс Видовиште

Нацрт СОЖС_УППс Мородвис

Нацрт СОЖС_УППс Зрновци

Јавен увид и расправа по нацрт извештајот за стратегискаоцена на влијанието врз животната средина за УПС ЗРНОВЦИ, УПС МОРОДВИС и УПС ВИДОВИШТЕ

 

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за селата МОРОДВИС и ВИДОВИШТЕ

Соопштение МОРОДВИС

Соопштение ВИДОВИШТЕ

 

СООПШТЕНИЕ

за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Предлог Урбанистички план за село (УПС) Зрновци, општина Зрновци

 

И З В Е С Т У В А Њ Е

За да ги вклучи мислењата и потребите на граѓаните при креирањето на Буџетот, Општина Зрновци изготви Анкетен лист на кој жителите на Општина Зрновци можат да ги напишат своите мислења, потреби, предлози и идеи од јавен интерес и од различни сфери на надлежност на локалната самоуправа.

Прашалникот во електронска форма е објавен на веб-страницата на Општина Зрновци, а во печатена форма може да се пополни во архивата на Општина Зрновци и во сите канцеларии на месните заедници во Зрновци.

Општина Зрновци ви благодари за соработката!

 

АНКЕТЕН ЛИСТ

www.zrnovci.gov.mk

 

 

 

 

Зрновци

Селото Зрновци е седиште на општината Зрновци и се наоѓа на 8 км јужно од градот Кочани, во подножјето на планината Плачковица. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.221 жител.

За самиот назив Зрновци, постои предание меѓу народот дека настанал од "зрно и овци", што говори дека овој крај изобилувал со зрнени култури и со мошне развиено сточарство.

Селото се наоѓа  на:

Зрновци се наоѓа на надморска висина од 360 м и како дел на Кочанска Котлина е заштитено од силни северни ветрови со Осоговски Планини, а од силни воздушни продори од југ со планината Плачковица.

Селото Зрновци е модерно село со уредена инфраструктура и со жители со урбани навики.

Прекрасната река Зрновка поминува низ сред село веднаш покрај уредениот парк и новоизградениот плоштад. Во средината на плоштадот има убава фонтана и бронзен споменик на патронот на општината “Св. Димитриј“. Во селото опстојува и работи Основно училиште „Синиша Стоилов“ со околу 200 деца од 1-9 одд.

Zrnovci google earth

Etno kuka Morodvis

Crkva Sv Dimitrij s.Zrnovci

Osvetuvanjeto na plostadot1