Почитувани гости,
Добредојдовте во нашата скромна општина составена
од три села на потегот исток - запад кон падините
на планината Плачковица, на само 8 км од градот
Кочани и златната долина на оризот. Претежно земјоделски
крај, луѓе топли по душа, гостопримливи, а климата
благопријатна.
Посетувајќи не ќе можете да ги вкусите македонските
национални јадења во некој од рестораните, да поминете
пријатни мигови планинарејќи на бројните излетнички
места или да ги посетите манастирите или археолошкото
наоѓалиште во с. Мородвис.
Земјоделците се познати по квалитетниот и вкусен
зеленчук што го произведуваат а општината располага
и со соби
за спиење во мотелот или во приватно сместување во
семејства.
Се на се Ви ветуваме пријатни мигови при
престојот во општина Зрновци.