| |
|
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Општината Зрновци со општина Кочани е
поврзана со локален асфалтиран пат изграден пред десетина
години со ширина од 3,5 м . Патот нема банкини ниту
канализациски одливи за атмосверската вода, и е во
должина од 8 км.Истотака по должината на патот нема
ифицијални паркиралишта, а неколкуте остри кривини
до сега допринесоа за десетина сообраќајни несреќи.
На исток општината е поврзана со општина Виница со црн,земјен пат кој е порамнет
и делумно опесочен, во должина од 6 км.Внатре во општината трите населени места
се поврзани меѓу себе со локални асфалтирани патишта.Патната инфраструктура внатре
во селата е на високо ниво со скоро сите асфалтирани маалски патишта.Поголеми
паркиралишта во општината нема освен плоштадите во трите населени места кои се
користат и за таа намена.
Вкупниот број на возила во општината се состои од околу 300 патнички возила,
150 трактора, 14 комбањи, 5 - 6 товарни камиони, и околу 40 моторцикли. Староста
на сите возила е релативно над 15 год што се должи на економската моќ на граѓаните
од општината.Во сообраќајот во општината учествуваат и запрежни коли терани од
добиток кои ги има на број околу 100. Значи вкупниот сообраќај во општината се
одвива на релацијата Видовиште - Мородвис - Зрновци - Кочани - итн. Неговиот
интензитет е значително зголемен особено во пролет кога трае сеидбата на пролетните
култури и на есен кога се прибира приносот. 3 - 4 пати во месецот до Мородвис
и назад се движат тешки товарни возила за потребите на конфекцијата.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Општина
Зрновци е релетивно слабо индустриски развиена. На нејзината
територија постојат следниве
индустриски капацитети:
• фабрика за лупење
ориз 1 при З.З. "Зрновка" со
капацитет 12 t / ден.
Фабриката е изградена во 1955 год.
• фабрика за лупење ориз 2 при З.З. "Зрновка" со
капацитет 18 t / ден
Фабриката е изградена во 1976 год. и е со понова
технологија.
• фабрика за лупење ориз при З.З. "Југотутун" од
Видовиште со капацитет 48 t / ден. Фабриката е изградена
1985 год.
• ковачница "Руен" која произведува автомобилски
делови (25 вработени )
• капацитет за преработка на месо - Мородвис
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Од овој сектор застапени се следните дејности
и објекти:
Претпријатија со конфекциска дејност ( шивални):
•
ЈТД " Елми - текс " - Зрновци која се бави
со lon - работа, изработка на женска облека, капацитет
на производство 8000 - 10000 единици месечно.
Вработува 45 вработени.
• ЈТД " Мотекс " - Мородвис која се бави со lon - работа, вработува
околу 250 вработени.
Претпријатија со трговска дејност:
• З.З. " Зрновка " -
Р.Е. Трговија - Зрновци ( 5 продавници и стоковна куќа
)
• ТП " Мики 2 " - Зрновци
• УТП " Зрнокоп " - Зрновци
• ППС " Фермак " - Зрновци
• ППС " Дени 93 " - Зрновци
• ППС " Униспектар " - Зрновци
• ТП " Роберт " - Зрновци
• СТД " Ели комерц " - Видовиште
• СТД " Дрен пром " - Видовиште
• СТД " Кики - џек " - Видовиште
• ТП " Драган " - Видовиште
• ТП " Гоце " - Мородвис
• ТП " Пере " - Мородвис
• ТП " Магос " - Мородвис
Сите овие субјекти претежно се бават со трговија
на мало со стока за широка потрошувачка.
Претпријатија со дрвопреработувачка дејност:
• ПП " Дрвопромет " -
Мородвис - изработка на столарија, ламперија и ролетни.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Моментно застапени занаети на територијата
на општина Зрновци се :
• воденичар ( постојат неколку традиционални
воденици на вода кои се повеќе се заменуваат
со модерни
електрични млинови.)
• налбатин - потковувач на коњи и магариња (
2 - 3 кои се бават со овој занает со перспектива
за одржување на занаетот се додека постои сточен
фонд во општината
• самарџија - изработувач на седла за добиток
( 2 - 3, со перспектива за одржување на занаетот)
• бербер ( 4 лица со перспектива за одржување
на занаетот )
• фризер ( 2 лица; еден од поновите занаети ,
во постојан подем на развој )
• пекар ( 1 лице, со модерен начин на производство
)
• шивач ( 2 лица, со постојан пад на интерес
за овој занает )
Од занаети кои порано биле присутни на територијата
на општината а сега се одумрени се :
• вретенар ( изработувач на дрвени
лажици и вретена;алатки за предење на памук
и волна )
• ковач ( изработувач на земјоделски
алатки и сл. )
• калајџија ( калајдисување на бакарни
садови )
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Атарот на општина Зрновци
располага со квалитетно земјиште кое
се користи од населението за производство
на најразлични земјоделски култури.
Вкупното обработливо земјиште во општината
изнесува 1.692 ха, односно 32% од вкупната
површина при што во општествениот сектор
припаѓаат 309 ха, а во приватниот 1.325
ха.
На територијата на општината постојат
два општествени субјекта кои се бават
со земјоделска дејност:
• З.З. "Зрновка " -
Зрновци која обработува околу 115 ха
плодно земјиште,
располага со 7 трактори, 5 комбањи
, неколку камиони и лепеза од земјоделски
приклучни машини. Вработува околу 210
вработени.
• З.З. "Југотутун" -
Видовиште формирана 1948 год, делува
во атарот
на село Видовиште, располага со 2 комбања
и 6 трактори, 25 вработени.
Поголемиот број на индивидуални производители
располагаат со трактори и други приклучни
машини така да примитивниот начин на
обработка на земјата е намален на минимум.
Во последните неколку години наназад
површините посеани под ориз се повеќе
се намалуваат, како резултат на ниската
откупна цена на оризот и слабиот пласман.Истите
површини се засејуваат со житни култури
и пченка.
Инаку најзастапени култури се житните
( пченица, јачмен и р'ж ) со просечен
принос од 2,5 t - 3 t по ха.
Градинарството исто така широко е застапено
на територијата на општината. Се сејат
скоро сите култури. Посебен квалитет
се добива во производството на лутиот
пипер познат по името " Зрновски лут ", понатаму мошне вкусниот Зрновски
праз за кој постојат одлични услови за производство на големи количини и за извоз,
Зрновскиот розов патлиџан познат по крупноста и благоста, грашокот и др.
Значајно е да се спомне дека низ атарите на трите села мине канал за наводнување
од хидромериативниот систем Брегалница кој заедно со мрежата на канали од реката
Зрновка во многу допринесуваат за зголемување на приносите на сите култури
засеани во општината.
Овоштарството и лозарството се слабо
развиени и застапени претежно кон
пределот на планината Плачковица.
Станува збор за индивидуални парцели
претежно за свои
потреби. Најмногу застапена е модрата слива, праската, црешата, и крушата.
Голем е бројот на обичната слива ( џанка )која е распространета по меѓите
и полето
а луѓето ја користат за добивање на ракија ( сливовица ).
Од индустриските култури застапени
се тутунот кој во последно време
е доста застапен со тенденција
на пораст, и афионот кој поради
ниската откупна цена
не е многу
застапен.
Поради отсуството на индустриско загадување, богатата флора и вегетација
како и специфичната местоположба нашата општина располага со одлични услови
за пчеларство.
Бројот на луѓе кои моментално се бават со пчеларење е мал и затоа во иднина
треба повеќе да се посвети внимание на оваа мошне доходовна стопанска гранка.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Сточарството
како важна
стопанска гранка
е застапено
во нашата општина
но со помал
интензитет.
Освен земјоделската
задруга Зрновка
која моментално
одгледува околу
20 молзни крави,
30 свињи и
околу
20.000
кокошки и неколкумина
индивидуални
одгледувачи,
останатите
земјоделци
чуваат една
до две крави
или свињи,
претежно за
задоволување
на своите потреби.Карактеристично
е да се спомне
дека е голем
бројот на кози
во општината.
Во просек секоја
куќа чува по
една коза.Поголемиот
број на домакинства
во своите домови
одгледуваат
кокошки за
добивање на
еколошки домашни
јајца и месо.
Во селото Мородвис има околу четворица индивидуални одгледувачи со по околу 100
овци, еден одгледувач со околу 20 кози и неколкумина со по неколку крави кои
млекото го продаваат на своите соселани.
Во Видовиште постојат тројца индивидуални одгледувачи со вкупно 350 овци, а во
селото има околу 180 крави и 200 свињи.
Во Зрновци има 4 - 5 индивидуални одгледувачи со по 20 - 30 крави, додека одгледување
на овци нема. Вкупно во селото ома околу 700 крави, 750 свињи и 700 кози.
Одгледувањето на стоката е номадско. Во летниот период стоката се напасува на
пасиштата на Плачковица, а во зимниот период во полето на општината. Сепак голем
е бројот на одгледувачи кои го одгледуваат добитокот и во домашни услови.
Во селото Зрновци постои ветеринарна станица со доктор - ветеринар која работи
секој работен ден. Со возило се оди на терен низ целата општина.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
Од
вкупната
површина
на
општината
под
шуми
се
наоѓаат
3.034
ха,
од
кои
3.018
ха
се
државни,
а
16
ха
се
приватна
сопственост.
Што се однесува до видот на шумата, до височина од околу 600 м е распространет
дабовиот регион, кој го сочинуваат два појаса. Најнискиот појас, до 600 м надморска
височина, го градат шуми од дабот Благун - Quercus pubescens, а над него шуми
од дабот Горун - Quercus petrraea. Почнувајќи од околу 900 м надморска височина
на осојните места се развиваат букови шуми, те. буков регион, кој се расчленува
на три појаса: подгорски појас ( ѓи зафаќа најниските делови,до 1200 м н.в. а
на присојните места се искачува и повисоко ), горски буков појас(претставен со
ацидофилна вегетација) и субалпски ( предпланински појас кој претставува посебен
регион). Со шумите стопанисува шумското стопанство " Осогово " - Кочани.
Застапени шумски растенија од кои се користи плодот или цветот се: оревот, дренот,
лешникот и липата.
|
|
| |
|
|
|
|
 |
| |
|
|
|
 |
| |
|
|
| |
|
За општината Зрновци не би можело да се
каже дека е туристичко место многу посетено од туристи.
Не се наоѓа на некоја важна сообраќајна крстосница и
нема некоја голема туристичка атракција која би била
посетувана. Но неоспорен е фактот дека поседува карактеристики
и содржини кои и те како би можеле во иднина да се направат
интересни и привлечни како за домашните така и за странските
туристи. Се разбира по новите стандарди и трендови за
европски селски туризам. Новиот тип на еколошко село
со можности за производство и понуда на еколошки здрава
храна, организирана и функционална инфраструктура, создавање
на имиџ, атрактивност и туристичка карта на општината,
се моделот за успех во туризмот за во иднина. Реката
Зрновка со своите убавини, прекрасните излетнички места,
можностите за спортски риболов, богатството од лековити
билки на планината Плачковица, изобилството од квалитетно
овошје и зеленчук, надалеку прочуениот квалитетен Кочански
ориз и специјалитетите од него, трите манастири и природните
планински чешми се капитал кој мора да се искористи за
привлекување на туристите.
За остварување на овие цели секако е потребно донесување на акционен план и програма
за делување како и вклучување на сите субјекти од општината во истата. Тука посебно
е важна еколошката прифатливост која преку добро организираниот комунален ред
и општата хигиена во општината ќе биде на високо ниво. Угостителските објекти
како што се : ресторанот заедно со летната бавча и мотелот "Зрновка " со
капацитет од 250 столици во зимниот ресторант, 400 столици во летната бавча и
неколку соби за издавање во мотелот, ресторанот "Аминта" со околу 100
столици, кафе барот "Рио" со околу 100 столици и кафе барот "Боем" со
околу 50 столици треба да го усогласат своето работење според европските стандарди
и норми.
|
|
| |
|
|
|
|
|